IT Labs на младите им овозможува работа од соништата на 3 различни континенти

IT Labs на младите им овозможува работа од соништата на 3 различни континенти



ИТ Лабс, е глобална компанијата, основана во САД, Калифорнија а со своја канцеларија и во Македонија. Од глобалното искуство што го имате, како тоа стигнавте до Македонија?
• ИТ Лабс е основана во 2004 година, Калифорнија, САД, со присуство и во Силиконската долина, како и во многу други градови во Америка и во Европа. Во суштината на компанијата е стратегија за растење и проширување, така што ИТ Лабс е присутна секаде каде што има квалитетен ИТ кадар, кои може да ги прифатат предизвиците и да го следат брзиот развој на секторот и секако, динамиката на компанијата. Македонија е токму една од земјите каде што ИТ професионалците имаат многу квалитетна образовна основа и пред се желба за надградување. Исклучително важно е тоа што тука во Македонија е позициониран нашиот сектор за развој и тоа ја прави тукашната канцеларија срцето на компанијата. Тоа беше причината број еден, Македонија да ја ставиме на картата на ИТ Лабс.

Во моментов колку вработени брои ИТ Лабс?
• Во канцеларија во Македонија моментално работат 100 ИТ експерти, додека пак низ светот уште 500 екстерни експерти. Присутни сме во повеќе градови на 3 различни континенти, што овозможува и експанзија во однос на потребите, желбите за надградување и проширување на знаењата.

Што им нудите на вработените за да работата за вас?
• Соодветно на нашето широко портфолио на услуги и задоволни клиенти, на вработените пред се им овозможуваме создавање на престижна професионална биографија и искуство. Нашите девелопери и ИТ експерти работат на многу иновативни проекти, имаат можност за личен развој, како и секогаш присутна шанса за работа на некоја од останатите наши локации. Покрај соодветниот надоместок, нудиме и пријатни работни услови, каде се цени креативноста и инвентивноста се стимулира на секој можен начин.



Се повеќе се зборува дека од Македонија излегуваат се поквалитетни ИТ експерти. Какво е вашето мислење и кое е вашето искуство?
• Македонските кадри се навистина надарени и имаат одлична основа за понатамошно надградување на знаењето. Една од причините за нивното заминување е тоа што се во потрага по работа според светски стандарди и предизвикувачки искуства. Предноста на ИТ Лабс е тоа што светските стандарди и искуството со работа за престижни клиенти го носиме тука, во Македонија. Сето тоа надополнето со одличните услови што ги нудиме нè прави посакувана компанија за работа.

Што е потребно да се направи за домашните ИТ обучени кадри да останат во земјава?
• Мислам дека е многу важно да им се овозможи подобар индивидуален развој и услови за напредок. Тоа им го нудиме и ние, одлична тимска работа, личен развој и можност за индивидуална експресија каде се цени сечиј став.

Нешто повеќе за ИТ Лабс, со што и со кои решенија ИТ Лабс се издвојува од другите?
• Пристапот што го негуваме, знаењето и искуството е од голема вредност за компаниите. ИТ Лабс има развиено стратегија со која можеме да инкубираме еден проблем или идеја за продукт или бизнис, да ја пласираме на пазарот многу рано, уште во развојна фаза и да работиме со тимовите за продажба за тоа како најдобро и наједноставно да се изгради тој продукт или бизнис во зависност од побарувањата на пазарот и потрошувачите/корисниците на тој производ. Изнаоѓањето на добро и соодветно решение за одреден проблем или бизнис идеја е вредноста што ИТ Лабс ја носи.



Какви се услуги нуди вашата компанија?
• Нашите услуги се движат од развој на идеја и концепт, нивно усогласување со потребите на клиентот и развивање на високо квалитетни производи, како и комплетен менаџмент на оперативноста на софтверот. Поединечно нашите услуги се развој на стратегија на технологија и консултации, проектен менаџмент, проценки и евалуации, дизајн на систем, автоматизација и интеграции, дизајн на функционалност, оптимизација на бизнис процеси, дизајн на архитектура, документација, програмирање и гаранција за квалитет, графички дизајн и искуство на корисникот како и одржување, хостинг и поддршка.

Многу од решенијата ги работите заедно со вашите партнери, кои се тие?
• Точно, во дванесетгодишното искуство стекнавме вредни партнерства со светски етаблирани компании како Microsoft, Amazon Web Services Technology Partner, Cisco, HP и други. Тоа се релации кои и денес се развиваат, надоградуваат и зацврстуваат.

Какви се плановите и амбициите на ИТ Лабс за во иднина?
• Според нашата бизнис стратегија, нашите амбиции се да вложиме пред сè во нашите вработени, како и да ја прошириме нашата продажна мрежа. Tие две компоненти се во склоп со нашата мисија и визија, која константно се проширува. Исто така, една од поголемите цели е да донесеме и овозможиме се поголема вредност, подеднакво и за клиентите и за ИТ експертите и да им дадеме можност за понатамошен развој.