16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОUnder Armour му нуди на Реал Мадрид договор од 150 милиони евра...

Under Armour му нуди на Реал Мадрид договор од 150 милиони евра годишно

rm under33

Реал Мадрид би можел пред истекот на договорот да ја заврши соработката со компанијата Adidas, а причината е неверојатната понуда на Under Armour, која изнесува 150 милиони евра годишно.

Реал Мадрид и Adidas соработуваат од 1998 година, а актуелниот договор на клубот и познатиот бренд за спортска опрема важи до 2020 година.

Меѓутоа Marca објави дека Реал би можел да го раскине договор со Adidas бидејќи брендот Under Armour понудил 150 милиони евра, за играчите на „кралскиот клуб“ да ја носат неговата опрема.

Доколку двете страни договорат соработка, Реал ќе биде сопственик на најбогатиот спонзорски договор, кога се работи за спортската опрема, во историјата на фудбалот.

Брендот Under Armour забрзано се пробива на спортскиот пазар, а во САД станува сериозна закана за Nike.

Некои од најголемите ѕвезди во САД, како Стеф Кари, Том Брејди, Мајкл Фелпс, се спонзорирани од овој бренд. Опремата на Under Armour ја носат фудбалерите на Тотенхем и светскиот рекeт број еден, Енди Марej.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП