23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИThomson Reuters забележала значително повисока кварталната добивка

Thomson Reuters забележала значително повисока кварталната добивка

thomsonreuters1

Компанијата за вести и информации Thomson Reuters извести дека благодарејќи на продажбата на делот за деловно работење забележала значително повисока нето добивка во последниот минатогодишен квартал, најавувајќи само скромен раст на приходите во новата 2017 година.

Од Thomson Reuters известуваат дека во периодот од октомври до декември 2016 година работеле со нето добивка од 2,24 милијарди долари. Во истиот период претходната 2015 година таа изнесувала 417 милиони долари.

Доколку се исклучат продадените делови од работењето, нето добивката изнесувала 274 милиони долари и е намалена за 24 отсто во однос на истиот период една година порано, покажува извештајот на Thomson Reuters.

Во октомври лани го заклучија продавањето на одделот за интелектуална сопственост и наука за вкупно 3,55 милијарди долари.

Вкупните приходи во последниот минатогодишен квартал им се намалени за 1 отсто, на 2,86 милијарди долари, притиснати од неповолното влијание на девизните курсеви, се додава во извештајот од четвртокот.

Thomson Reuters е компанија мајка на Reuters News, се натпреварува за клиентите во финансискиот свет со Bloomberg LP и Dow Jones, кои се во сопственост на корпорацијата News Corp.

Reuters News го заклучил четвртото ланско тримесечје со 5 отсто повисоки приходи, од 77 милиони долари.

Во најголемиот оддел на Thomson Reuters, за Финасиии и ризици, кој со информации обезбедува клиенти во банкарските и инвестициските кругови и генерира речиси половина од вкупните приходи на компанијата, приходите пораснале за 1 процент, на 1,5 милијарди долари.

Приходите на одделот Правни прашања стагнирале на нивото од истиот период година порано кога изнесувале 864 милиони долари. Во одделот Даноци и книговодство пораснале за 2 отсто, на 416 милиони долари.

„Во 2017 година сакаме да го забрзаме растот на приходите“, се истакнува во соопштението. Се проценува дека приходите ќе им пораснат за 2 до 3 отсто, доколку се земе предвид влијанието на девизните курсеви. Прилагодената добивка по акција би требало да изнесува 2,5 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП