Живот
29. January 2017 - 10:58

Убија бебе од делфин поради селфи: Туристите го извадија од вода и го малтретираа до смрт

Бебето делфин угинало по малтретирањето од страна на туристи кои го извадиле од вода и предолго го држеле на воздух за да сликаат селфи со него.

Кутрото животно угинало со страшна смрт во неделата на плажа во Аргентина, близу Сан Бернардо, опкружено со безобѕирни туристи кои се собрале околу него и го допирале и се сликале додека бил на суво.

Printskrin: LiveLeak

Ужасната снимка од мачната смрт на бебето делфин набрзо се прошири на интернет.

-Делфинот бил млад и веројатно затоа дошол блиску до брегот. Наместо да го вратат во подлабоките води тие го извадиле и се сликале со него иако се уште дишел. Некои дури рекле дека животното веќе угинало, рече Клаудија, која ја видела целата ситуација.

Ова е втор идентичен случај во изминатава година дена кога делфини починале од дехидратација зошто се извлечени на брегот од страна на туристи. Минатиот случај се случи во февруари 2016 година.