Циклус предавања на популарни астрономски теми

0

Plakat_web

Скопско астрономско друштво организира циклус предавања на популарни астрономски теми. Предавањата ќе се одржуваат секој четврток во периодот од 15-ти октомври до 26-ти ноември со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Предвидени се 7 предавања од различни области на астрономијата. Циклусот е од популарен карактер и е така конципиран што за негово следење не се потребни предзнаења. Предавањата тематски не се директно поврзани помеѓу себе. Темите и распоредот* за предавањата се следни:

  • 15.10 – Црни дупки
  • 22.10 – Темна материја и темна енергија
  • 29.10 – Астероиди: убијци или спасители на цивилизацијата?
  • 05.11 – Вода, живот и колонизација на Марс
  • 12.11 – Зошто астрологијата лаже?
  • 19.11 – За ХААРП, chemtrails, знамето на Месечина и други нешта
  • 26.11 – Земја 2.0: Потрагата по екстрасоларни планети

Цената за секое поединечно предавање изнесува 100 денари, додека блок карти за сите предавања е 600 денари.

За членовите на Скопско астрономско друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари за предавање (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

Циклусот е поддржан од Факултетот за електротехника и информациски технологии.

За повеќе информации слободно пишете ни на контакт формуларот, на kontakt@astronomija.com.mk или јавете се на 076 439 027.

*Распоредот е подложен на промени. Сите промени ќе бидат објавени на веб страната и на профилите на социјалните мрежи на САД.

Сподели.