Фудбал
Барди повторно стрелец за Леванте во триумфот над Реал Сосиедад
Последниот натпревар од петтото коло од Примера меѓу Леванте и Реал Сосиедад одигран синоќа заврши со триумф на домашниот тим од 3:0, а македонскиот репрезентативец Енис Барди беше стрелец на третиот гол.
Леванте по пет години пауза успеа да го совлада Реал Сосоиедад (ривал на Вардар од групата во Лига Европа на УЕФА). Ова беше втора победа за Леванте сезонава (без пораз), а головите ги постигнаа: Чема 45.минута, Хозе Моралес 75.минута пенал и Барди 89.минута. Реал Сосиедад по трите стартни победи, претрпе два пораза.
Со новите три бодови Леванте се искачи на петтото место на табелата и се наоѓа во групата екипи со 9 бодови (Валенсија, Реал Сосиедад, Бетис) и се наоѓаат на табелата зад Барселона (15 бодови), Севиља (13) и Атлетико Мадрид (11).
На другите два дуела од 5.коло одиграни синоќа немаше победник:Виљареал – Еспањол 0:0 и Селта – Хетафе 1:1.