7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовата конзола Switch на Nintendo излегува на пазарот на 3-ти март

Новата конзола Switch на Nintendo излегува на пазарот на 3-ти март

switch nin232

„Nintendo“ ќе ја пушти на пазарот првата конзола по повеќе години, а веќе е познат и датумот на кој тоа ќе се случи – 3-ти март.

Уредот наречен „Switch“, ќе се продава за 299,99 долари во САД и за 29.980 јени во Јапонија, објави производителот, цитиран од агенциите.

Цената на конзолата, која претставува хибрид од голема козола и уред, удобен за носење во џеб, е блиска до износот побарана за конзолата „Wii U“. Последната се продава во САД исто така за 299,99 долари, а во Јапонија за 25.000 јени.

Акциите на „Nintendo“ ја намалија својата вредност за скоро 3 проценти по објавувањето на веста. Од своја страна „Nikkei 225“ забележа раст од 0,8%.

„Nintendo“ се надева дека „Switch“ може да даде поттик на нејзините финансиски резултати, бидејќи компанијата во голема мера се потпира на продажбата на конзоли.

Нејзиниот уред „Wii“ што дебитираше на пазарот во 2006-та година, вклучуваше игри кои бараат различни физички активности. Комбинацијата на забава и спорт во едно конечно се одрази добро на „Nintendo“ и нејзиниот профит достигна рекордни врвови.

Но наследникот на конзолата – „Wii U“, и така не успеа да жнее успех поради фактот дека компанијата не помина на голема игра, а корисниците почнаа да се насочуваат повеќе кон игрите за смартфони. Тоа беше причина компанијата да пријави загуба во текот на трите последователни години од март 2014-та година.

Аналитичарите велат дека „Switch“ најверојатно ќе понуди поголема линија од игри од своите претходници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП