26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХуан Мата: Македонија е конкурентен противник

Хуан Мата: Македонија е конкурентен противник

spain-training-mata

Шпанија и Македонија во сабота ќе го одиграат натпреварот од четвртото коло во Г групата, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.

Шпанците подготвките ги спроведуваат во спортскиот град Лас Розас, а на прашања поврзани со репрезентацијата, по тренингот одговарал Хуан Мата, првотимецот на Манчестер Јунајтед.

„Македонија е конкурентен противник, која на Италија ѝ создаде многу проблеми. Се бранат добро, со голем број играчи и чекаат грешка на противникот. Добро играат со топка и се ефикасни. Ќе биде тежок меч“, рекол Мата.

Инаку по три одиграни натпревари во групата Шпанија е лидер со седум бодови, колку што има и Италија, додека Македонија сé уште е без освоен бод.

Од шпанскиот табор, во пресрет на натпреварот со Македонија и информацијата дека напаѓачот на Селта, Јаго Аспас е повикан во тимот на местото на повредениот Диего Коста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП