Сместена во богатиот дел на градот Херзлија, Херзлија Питуа, на израелскиот централен брег, оваа ултра луксузна вила е навистина нешто посебно…
Таа ви нуди околу 1.000 квадратни метри чист луксуз, со богати завршни детали од Версаче брендот и специфични бордури, мермерни подови, добро опремена луксузна кујна со прекрасни модерни кујнски елементи.
Има шест спални соби и осум бањи, при што секоја соба е навистина импресивно уредена. Богато декорираната главна бања се истакнува поради плочките од 24 каратно злато, префинетата уникатна када и позлатените мозаички елементи.
Таа има и сјаен базен на отворено, префинети градини и уште многу нешта, а најдоброто од се е што се наоѓа многу блиску до Средоземното море. Во моментов е на продажба, по цена од 33 милиони долари…