Новиот спот на OK Go го слави животот со автентичен и „шарен“ приказ

OK Go, бендот што ја совлада уметноста на кореографијата и лебдеше на нулта гравитација за доброто на нивната музика, повторно е актуелен со ново видео, кое е исто толку автентично како и другите.

Групата го објави најновото видео насловено „Еден момент”, кое е направен во склоп на кампањата #WalkHerWalk на Мортон Сол.

Спотот прикажува серија мали шарени експлозии што се случуваат во секунда, а при тоа секој елемент на видеото се совпаѓа совршено со мелодијата и зборовите на песната.

Во соопштението на веб-страницата на бендот се опишува песната како „прослава на оние моменти во животот кога најмногу сме живи.”

Во продолжение, погледнете го нивниот нов спот.