20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: „Кралевите“ го пречекуваат Наполи, Арсенал гостува во Минхен

ЛШ: „Кралевите“ го пречекуваат Наполи, Арсенал гостува во Минхен

real-madrid-napoli

Нови два натпревари ќе се одиграат денеска во Лигата на шампионите. Во првите мечеви Реал во Мадрид ќе го пречека Наполи, а Арсенал ќе му гостува на Баерн во Минхен.

Реал е актуелен шампион, сезонава ќе се обиде да стане првиот тим кој ја одбранил титулата во ЛШ, а прв во нокаут рундата на патот му стои Наполи.

„Имаат одличен тим и се наоѓаат во добра форма. Ќе се обидеме да не примиме гол. Доколку го постигнеме тоа, тогаш мирно ќе го чекаме реваншот. Ќе биде тешко, но се надеваме дека ќе заврши онака како што посакуваме ние“, изјави пред мечот капитенот на Реал, Серхио Рамос.

На спротивната страна владее оптимизам, дури некои од играчите на Наполи изјавуваат дека нема да бидат задоволни со нерешен резултат во Мадрид.

„Имаме голема шанса. Може да кажеме дека нерешено ќе биде добар резултат, но ние нема да бидеме задоволни со реми, сакаме повеќе од тоа“, рекол голманот на Наполитанците Пепе Реина.

Инаку Реина, заедно со Хосе Каљехон и Раул Албиол ќе има дополнителен мотив за докажување на „Стантијаго Бернабеу“, бидејќи тројцата се родени во шпанската престолнина.

Инаку, Реал и на оваа средба ќе биде без Герет Бејл кој не игра од ноември минатата година. Велшанецот е рехабилитиран од повредата на стапалото, но Зинедин Зидан не сака да ризикува со неговото вклучување во тимот.

Кај Наполи можно е шанса да добие полскиот напаѓач Аркадијуш Милик, кој е целосно опоравен од повредата на лигамнетите на коленот, поради што не играше од крајот на октомври минатата година.

Дерби ќе се игра и во Минхен, Баерн ќе го пречека Арсенал. Баварците се наоѓаат во добра форма, имаат 11 победи на последните 11 натпревари, последен пат се поразени во ноември минатата година во Росотов, во Лигата на шампионите.

Баерн на домашен терен е непобедлив, на последните 15 натпревари само три пати одиграл нерешено и 12 пати победил.

Арсенал игра променливо изминатиот месец, а медиумите и навивачите како главен виновник го посочија Месут Езил, кој не се наоѓа во лоша форма. Менаџерот Венгер не ја исклучи можноста германскиот репрезентативец мечот да го започне како резерва.

Арсенал по поразите во Премиелигата од Вотофорд и Челзи, успеа во минатото коло да го совлада Хал.

Тимот на Венгер постигнал најмалку еден гол на последните 17 натпревари, но во исто време само пет пати успеале да ја сочуваат својата мрежа.

Дуелите во Мадрид и Минхен започнуваат во стандардниот термин од 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП