27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАО: Серена и Лучиќ-Барони полуфиналистки

АО: Серена и Лучиќ-Барони полуфиналистки

115111057558882171695a0252978972_640

Серена Вилијамс го продолжи походот кон 23-та грен слем титула, додека Хрватката Мирјана Лучиќ-Барони го повтори својот најдобар резултат во кариерата со пласманот во полуфиналето на Аустралијан Опен. Серена рутински славеше над Џоана Конте, додека Лучиќ-Барони ја елиминира петтата носителка Каролина Плишкова.

Серена Вилијамс за 77 минути ја победи Британката Џоана Конта 6:2, 6:3 и се пласира во своето десетто последовно грен слем полуфинале.

Доколку Серена го освои трофејот тогаш ќе стигна до бројката од 23 титули на грен слем турнирите и ќе ја мине на второто место на вечната листа.

Лучиќ-Барони (34) го повтори успехот од Вимблдон во 1999 година кога исто така избори пласман меѓу најдобрите четири на турнирот.

Хрватката која на ВТА листата се наоѓа на 79-то место, по 110 минути игра ја победи Каролина Плишкова со 6:4, 3:6, 6:4.

На патот до најголемиот успех во кариерата и стои Серена Вилијамс, додека во второто полуфинале ќе играат постарата Вилијамс, Венус и нејзината сонародничка Коко Вандервеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП